Вести

Првото бебе во новата 2020 година во Куманово е женско

Првото бебе во новата 2020 година во Куманово е женско

Првото беше што се роди во 2020 година на гинеколошко-акушерското одделение во Општата болница Куманово е женско.


Бебето е родено во 1 часот и 35 минути по полноќ, тешко е 3.790 грама, а долго 52 сантиметри. На свет го донесе Соња Спасовска од Куманово на која оваа и е втора рожба.

„Бебето е здраво и се работи за спонтано породување. Мирна ноќа на оддeлението. Утринава е родена уште едно машко бебе. Се надевам дека на овој оддел во 2020 година ќе има повеќе работа, бидејќи ова е единственото место каде се доаѓа за убави работи“, – изјави Снежана Захариева, директорката на Општата болница Куманово.

Традиционално, претставници од Општина Куманово и Болницата ја посетија мајката и детето и им врачија подароци.

„Од срце им честитам на мајката. Им посакувам многу здравје на бебето и на родителите, да уживаат со новиот член на семејството “, – изјави секретарот на Општина Куманово, Десанка Стошевска, која им ги честиташе празниците на сите вработени во Кумановската болница и на граѓаните.

Radio Bum

January 1st, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *