Вести
Граѓаните на Куманово денеска протестираа против аерозагадувањето
Во организацијана граѓанската иницијатива „Македонија се гуши“, денеска во 5 до 12 беше одржан протест во центарот на Куманово против екстремното загадување на воздухот.
Тие ја обвинија локалната и централната власт дека со години наназад не презема ништо за да се справи со проблемот на аерозагадување, кое секоја година им создава сериозни здравствени преблеми на граѓаните.
„ Бараме да не се игнорира овој сериозен проблем и да се донесат итни мерки, бидејќи нашите деца дишат отров. Биравме политичари кои нудеа решенија за чист воздух во својата програма и сега бараме и очекуваме конкретни и брзи решенија од нив. Бираме живот, а не бавна смрт. Човечкиот организам може да издржи без храна 30 дена, без вода 3 дена, но без водух само 5 мин. Ќе ги чекаме ли последните 5 минути да најдеме решение “, – рече во своето обраќање пред присутните на протестот, Фросина Георгиевска, активистка на „Македонија се гуши“.
Таа вели дека аерозагадувењето е главната причина за порастот на ракот на белите дробови кај кумановчани.
Општинататреба да превземе итни краткорочни мерки, како што се: рестриктивно движење на автомобили во централното градско подрчје, бесплатен јавен превоз во зимските месеци, ваучери за купување на велосипеди, субевнционирање за грење на пелети.
Од протестот беа испратени и предлози за долгорочни мерки, одвојување најмалку 5 отсто од буџетот на Општината Куманово да се инвестира за чиста животна средина, да се интензивира гасификацијата, да се изградат нови зелени површини, масовно пошумување, градски превоз на метан и решавање на проблемите во урбанистичкиот хаос.
Предложените мерки ќе бидат доставени до градоначалникот и Советот на Општина Куманово. Протестот беше подржан и од опозицијоната партија ВМРО ДПМНЕ.








