Вести
Едно лице загина во сообраќајна несреќа во Ајдучка чешма
Ноќеска на регионалниот пат Куманово – Свети Николе кај населбата Ајдучка чешма загина 45 годишен возач на голф, Т.Т. роден 1974 од населба Карпош , Куманово. Тој управувајќи го возилото изгубил контрола и излетал од патот.
Според информациите од полицијата несреќата се случила во 02,20 часот.
Увид извршила увидна екипа од СВР-Куманово.








