Вести
Во несреќен случај загина девојче во Соколана
Денеска попладне во несреќен случај животот го загуби 13 годишно девојче од Загреб, кое со своите родители имаат престој во Куманово.
Несреќата се случила на игралиштето во Соколана. Девојчето според очевидци било качено на стативите каде се лулало, а во еден миг железната статива паднала врз главата на девојчето кое од ударот починало на лице место.
Од Секторот за внатрешни работи е извршен увид на лице место.








