Вести
Попладне почнува летото
Денеска, 21 јуни, во 17 часот и 54 минути почнува летото на северната полутопка. Во исто време за жителите на јужната хемисфера на Земјата ќе почне зимата.
Летото ќе трае 95 денови, а ќе заврши на 23 септември 2019 година, кога во 9.50 часот по средноевропско време ќе почне есента.
Денеска е 172-от ден од годината, а до крајот на годината остануваат уште 194 денови.
Времето во земјава на првиот летен ден ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.








