Вести
Пуштена во употреба реконструираната бензинска станица на Макпетрол на автопатот на влезот во Куманово
Станицата за гориво на Макпетрол на автопатот кај влезот на Куманово од денеска е повторно достапна за потрошувачите , информираат од Макпетрол.
Реконстукцијата е комплетно завршена со поставување на нови пумпи со 50 пиштоли за точење на гориво , а во исто време гориво ќе можат да точат 14 автомобили.
Бензинската станица, покрај тоа што има една од стратешки најважни положби во државата ќе има и точење на метан.
Од Макпетрол најавија дека планираат во брза иднина да биде реконстуирана и бензинската пумпа кај автобуската станица во Куманово.








