Вести
Куќа изгоре во центарот на Куманово
Една куќа изгоре, а од пожарот била зафатена и новата зграда на улица Гоце Делчев во Куманово. Според информациите од Територијалната противпожарна служба пожарот кај нив бил пријавен во 20 часот и 30 минути. Куќата е целосно опожарена, а од пожарот бил зафатен и еден стан. Нема повредени во пожарот, а интервенирале три противпожарни возила. Од противпожарната служба велат дека допрва ќе се утврдува причината за пожарот и материјалната штета.








