Вести
Малите Алексеј и Лана од Куманово растат гладни, додека нивниот татко со 97 проценти оштетен вид ги чека институциите да му ја одобрат пензијата
“Сакам да упатам една голема благодарност до сите хумани граѓани што ни помогнаа кога бевме во најтешкиот период од нашиот живот , помошта ни пристигна во вистинскиот момент”- со благодарност го запонува разговорот Бране Велковски од Куманово, главата на семејството Велковски кој за жал има 97 проценти оштетување на видот, не е способен сам да заработува, а четири членото семејство го издржува со 4 300 денари месечно ,туѓа нега.

Две мали дечиња Алексеј и Лана , сопругата Тања која не е работно способна и 47 годишниот Бране се гладни, сами се борат секој ден да го преживеат. Тешката судбина им се вселила во домот откако починал таткото на Бране и ја изгубиле пензијата.

Со солзи во очите Бране Велковски вели дека повторно се наоѓаат во тешка ситуација, нема средства да им обезбеди храна на децата, немаат млеко ниту памперси за малите Алексеј и Лана. Го чекаат извештајот од надлежните институции за одобрување на пензија која треба да ја наследи од неговиот починат родител. На 12 април Бране треба да оди на уште една комисија за оцена на работна способност во Фонд на пензиско и инвалидско осигурување , една комисија ја поминал но со негативни резултати и покрај констатираната намалена видна острина од 97 проценти , таму е наведено дека не му следува додаток за слепило.

Секој ден за родителите на Сергеј и Лана се тешки, велат дека кога ќе ги добијат средствата за туѓа нега ќе купат млеко за децата , ќе платат струја да не им ја прекинат, а за друго немаат пари.
За комисија морав да платам 5 000 денари , немав и ми позајмија луѓето , но морам да ги вратам, плаче и раскажува Бране.

На наше инсистирање со тешко срце тој упати апел до сите хумани граѓани за помош. За него не бара ништо, само за децата да има да им даде да јадат.
Сите граѓани кои се во можност и сакаат да им помогнат можат да ги посетат на адреса , улица Благој Илиевски Гуне 65-3/22 во Куманово или на телефон 079 254 148.








