Вести
Универзално здравје за сите е пораката на Националниот ромски центар во пресрет на Светскиот ден на здравјето
Сиромаштија, без пари за партиципација и лекови, недостаток на лекари, се најчестите проблеми со кои се соочуваат невработените жените во репродуктивен период при користењето на здравствените услуги,оваа го покажало истражувањето на невладината организација Национален ромски центар од Куманово.
Под мотото „Универзално здравје за сите, за еднакво и партиципативно општество, еднаков пристап без предрасуди, стеротипи„ од НРЦ испратија порака во пресрет на Денот на здравјето.
Оваа организација десет години работи на проекти за унапредување на здравјето на Ромите и генерално на граѓаните на државата. НРЦ, минатата година направило истражување и резултатите укажуваат дека младите и жените Ромки кои се невработени немаат пристап до квалитетни здравствена услуга во примарното здравство, немаат пари за партиципација, ниту за терапија.
-Државата покажува позитивна волја за импелентација на различни меѓународни конвенции и протоколи, но од друга страна реалноста покажува дека не можеме да дојдеме до лекарства, ограничени сме поради пректично неимплемнтирачки политики. Постојаните законски и административни измени се бариера, жените недоволно се информирани за своите права и им требаат допонителни информации-изјави координаторот на проектите од здравствена област од НРЦ, Себихана Скендеровска.
Во Куманово, во моментов нема мамограф, што е дополнителен финансиски товар за пациентките кои патуваат со Скопје, беше речено на прес конференцијата.
Овој 7 април, НРЦ го посветува на универзалната покриеност на здравствените услуги и повикаа на еднаков простап до услугите за сите, со посебен акцент на ранливата категорија, ќените Ромки, креирање на здравствени политики за жените и децата, ефективна примарна здравствена заштита, еднаква распределба на здравствениот кадар во сите региони, инвестирање во медицинско образование и специјализаицја на дефицитирани профили, креирање на пакет на здравствени услуги кои ги покрива фондот, мониторинг на услугите, еднаков пристап до лекови.
Извршниот директор на НРЦ, Ашмет Елезовски, рече дека при процесот на вклучување на Република Северна Македонија во европското семејство, ќе се разгледуваат сите прашања, вклучително и областа здравство.
-Куманово заслужува да има развиени институции од прирамрно до терцијално здравство-изјави Елезовски.








