Вести
„Нацртај попреченост“ кампања на едукативен култрен центар „Нана“
Едукативниот културен центар „Нана“ ја почна кампањата „Нацртај попреченост“ дел од проектот кој го спроведува Институтот за медиуми и различности од Лондон, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, со финансиска поддршка од Европската Унија. „ Нацртај попреченост” е кампања чија главна цел е да се охрабри дијалог помеѓу учениците за прашања поврзани со попреченоста, промовирање на инклузијата преку уметноста. Кампањата, соопштија одговорните од едукативниот центар опфаќа работилници на тема попреченост, изработка на цртежи, подготовка на видео запис од активностите, изработка на графит на ѕидот на ООУ „Толи Зордумис“.
-Уметноста е достапна е за сите бидејќи не вклучува говор, кој може да стане бариера и е природна активност за децата.. Во кампањата ќе бидат вклучени 25 деца на возраст од 11-15 години од различна национална припадност од „Толи Зордумис” од Куманово. Инклузијата во РМ не е на задоволително ниво, системот е тој којшто треба да се прилагоди на потребите на лицата со попреченост за да може да им го овозможи правото за квалитетно образование. Медиумите многу малку известуваат за секојдневните проблеми и предизвици со коишто се соочуваат деца со попреченост, нивните семејства, наставниците и нивните врсници. Кампањата ќе го адресира проблемот и ќе поттикне поголема вклученост на медиумите во процесот на инклузивното образование-велат од едукативниот центар.
Со проектот, ќе се подобри и јавното мислење кај популацијата која досега немала инетракција со лица со попреченост.
-Промените доаѓаат чекор по чекор, ние се надеваме дека преку оваа кампања учесниците ќе понудат нови перспективи и дискусии за попреченоста преку цртежите кои ќе се изработат за време на кампањата. Затоа како целна група на кампањата ги избравме децата бидејќи децата немаат предрасуди. Тие само сакаат да бидат со своите врсници со или без попреченост, да играат и учат заедно. Возрасните ги пренесуваат предрасудите врз децата. Тие треба да бидат свесни дека нивното влијание е многу важен фактор во обликувањето на вредностите на детето. Проектот ќе обезбеди сигурен простор каде идејата за Инклузија ќе се поттикнува и негува, а процесот на нивно образование ќе стане ‘’најмоќната алатка’’ во борбата против предрасудите- соопштуваат од едукативниот центар.
Целата на оваа кампања не е само да ги научиме децата што е попреченост, туку сакаме да ги охрабриме да бидат активни граѓани кои ќе влијаат на креирање на јавното мислење. Графитот којшто ќе се изработи на ѕидот на ООУ “ Толи Зордумис,, секојдневно ќе испраќа пораки за комуникација помеѓу поединци и групи со градот и градската популација. Со тоа ќе овозможиме да се слушне гласот на безгласните во насока на промена на јавното мислење за тоа како опшетството е организирано и како луѓето ја гледаат попреченоста.









