Забава
Мартинијан со нова извонредна преработка (ВИДЕО)
Кумановецот Мартинијан Кириловски и покрај учеството во шоуто „Ѕвездите на гранд“ и многуте настапи, наоѓа време за извонредни преработки на големите музички хитови.
Овој пат Мартинијан брилираше во изведба на песната „Непријатељ“ која оргинално ја изведуваат „Магла бенд“ и Наташа Беквалац.
Преработката е изведена со Филип Антевски како пијано поддршка, снимено од Иле Спасев, а на видео продукцијата се потпишува Марко Димитриевски.