Вести

Бадник со посна трпеза и со сите етнички заедници одбележан во средното училиште Киро Бурназ во Куманово

Бадник со посна трпеза и со сите етнички заедници одбележан во средното училиште Киро Бурназ во Куманово

Во рамки на проектот безбедни училишта во организација на секторот за превенција при МВР, СВР Куманово , Општина Куманово и секторот за образование, средното државно училиште Киро Бурназ во Долно Којнаре , Куманово, по втор пат беше домаќин на празнувањето на големиот христијански празник Бадник.
Со посна трпеза подготвена од учениците на средното училиште Киро Бурназ, со риба, посна баница и грав , учениците и гостите од сите националности имаа можност да се дружат и меѓусебно да се запознаат со обичаите за големиот христијански празник Бадник и Божиќ.


Денеска тука го одбележуваме овој празник кој има големо значење и ги остварува целите на проектот безбедни училишта, голема чест ни е и што тука се и учениците кои изведуваат настава на албански јазик, а со тоа докажуваме дека разликите во обичаите и традицијата да не бидат пречка туку да бидат мост на меѓусебно зближување , поголема толеранција, соработка и почитување, рече Весна Трајковска, директорка на средното државно училиште Киро Бурназ, таа на сите присутни гости им ја честиташе новата година , а на сите христијани и големиот христијански празник Бадник и Божиќ.
„Дружењето денеска ги потврдува нашите заложби за безбедни училишта, безбедни ученици , а младите повеќе да се почитуваат и комуницираат и доколку има проблеми заеднички да ги решаваат , а не различностите да им бидат пречка.
Проектот безбедни училишта, празниците зближуваат се одбележува осум години на територија на општина Куманово и соседните општини, првите активности беа организирани од СВР Куманово, а подоцна организацијата им припадна на училиштата што беше и наша цел„ -истакна Виолета Богдановска , началник на отсек за превенција при СВР Куманово.
„Голема е радоста која од проект прерасна во традиција, а со тоа докажавме дека патот на мирот не се постигнува само со зборување туку со дела. Нашата цел се остварува , да го чуваме мирот во нашиот град каде бог не створил историски и временски да постоиме, заеднички да ги прославуваме празниците и да си влеземе во нашите домови сите заедно со мир и почитување„- истакна отецот Игор Здравковски свештеник во кумановската епархија.
На одбележувањето на Бадник во средното училиште Киро Бурназ присусвуваше градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, пратеници, директори на јавни претпријатија, директори на средните училишта , професори и претставници од министерството за образование и ученици од сите средни училишта. Идната година домаќина на манифестацијата Бадник ќе бидне средното техничко училиште Наце Буѓони.

Radio Bum

January 6th, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *