Вести

28.000 евра за одржување на семафорите во Куманово

28.000 евра за одржување на семафорите во Куманово

Општина Куманово ќе потроши 28.800 евра за одржување на вертикалната сигнализација.

Договорот е потпишан минатата недела со компанијата „Билд-инг“ од Скопје, по претходно спроведена тендерска постапка.

Договорот важи една година или до целосно исцрпување на средствата.

Изминатите неколку месеци во низа сообраќајни незгоди, но и вандалски чинови на кумановци беа оштетени низа семафори, кои треба да бидат сервисирани со оваа јавна набавка.

Radio Bum

December 17th, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *