Вести
Дарко Ристовски е нов директор на Централен Регистар Куманово
Во Централен регистар во Куманово од денеска нов директор е Дарко Ристовски. Тој е дипломиран економист од Универзитетот “Свети Кирил и Методи”.
Ристовски има работено во Шпаркасе банка во Куманово и во приватно сметководствено биро. Тој доаѓа на местото на Игор Божиновски кој директорската функција во Централен регистар ја извршуваше 12 години.
Примопредавањето на раководителската функција беше извршено денеска .








