Вести
Радио Бум четири години во етер
На 12 јули 2014 година беше пуштена програмата на Бум радио во етерот на 104, 2 . За четири години радио Бум стана најслушано радио во регионот на Куманово и пошироко. Со програмата која се прави за потребата на слушателите целната група е од најмалите до највозрасните слушатели. Во 2016 година радио Бум ја доби и најпрестижната награда на Општина Куманово ”Ноемвриска награда” за објективно и професионално информирање.
Радио Бум е сервис на граѓаните, тимот на радио Бум им се заблагодарува на сите слушатели и на спонзорите кои ја имаат довербата на радио Бум.
Среќен роденден радио Бум.








