Вести

Приватно средно училиште САБА , започна со уписи на средношколци и во Куманово

 

 

Акредитирана, приватна средношколска академија за  бизнис и администрација , САБА, започна со уписи  на ученици и во Куманово.

Приватното средно училиште САБА , единаесет години успешно работи во Скопје , а поради големиот интерес за запишување на ученици од цела Македонија свои образовни центри имаат отворено во Битола и Штип, а од минатата година со работа започна и во Куманово.

Во САБА како што информира координаторот на училиштето , Ангела Неновска Крстевска , имаат 4 насоки правен, економски, информатика и туризам,  кои можат да ги изберат идните средношколци.

„Онаа што го издвојува приватното училиште САБА од останатите средни училишта е изведување на настава во мали групи, се изучуваат од шест до седум предмети годишно, за разлика од државните средни училишта каде се изучуваат и до тринаесет предмети годишно. Не се мешаат предметите заедно, една година се изучуваат едни, а наредната година други предмети. Задолжителните предмети во САБА  се македонски, математика и англиски,  се изучуваат и предметите по избраната насока, а учениците учаат тоа што сакаат да го изучат-„ вели Неновска Крстевска.

saba 4

Наставата се изведува во мали групи со максимум 15 ученици, наставата е на македонски јазик, а англискиот е задолжителен странски јазик.

“Помал број на ученици со помал број на предмети , а со поголем фонд ја дава целта материјалот да се научи во училиштето. Доколку ученикот е редовен на настава тој материјалот што се учи 90 % ќе го научи на училиште, а дома ќе ја заврши домашната задача, но главно учениците учат додека се на училиште”-, вели Ангела Неновска Крстевска.

 

Радио Бум:  Кои се условите да се запишат идните средношколци во САБА?

 

Ангела Н. Крстевска:

Уписите во САБА веќе се започнати,  уписниот рок започнува со почетокот на второто полугодие,  приемен испит или класично тестирање нема  единствениот услов е успехот, ученикот треба да има одличен или многу добар успех. Сите заинтересирани ученици можат да дојдат да присуствуваат на наставата во САБА и да видат како се учи. Во Куманово САБА е спротив училиштето на Крсте Мисирков и Браќа Миладиновци на улицата Народна револуција или доколку сакаат можат да дојдат и во Скопје, училиштето се наоѓа во центарот на Скопје.

saba

Радио Бум:  Работите веќе 11 години , дали ги следите вашите ученици кога ќе го завршат средното образование  каде продолжуваат и колку се успешни по завршувањето на факултет?

 

Ангела Н. Крстевска:

Начинот кој го имаме воспоставено во САБА многу им олеснува на учениците подоцна кога ќе продолжат на факултет. Учениците се концентрирани на областа која сакаат да ја изучат,  изработуваат многу проекти, а на крајот на четвртата година полагаат државна матура и добиваат диплома за завршено средно образование. Со таа диплома се запишуваат на било кој државен или приватен факултет во Македонија или странство. Нашите ученици доаѓаат кај нас и ни кажуваат колку нашата настава им олеснила на факултет.

Радио Бум: Организирате и практична настава за учениците во познати компании, кога и коку време се работи на практична настава ?

Ангела Н. Крстевска:

Ние како средно училиште организираме и пракса и практична настава за учениците. Праксата се организира во трета и четврта година кога секој ученик оди на практична настава во некоја компанија специјализирана за наставата која што ја учи. Праксата се организира три пати во една учебна година по една недела и во текот на три недели одат во различни компании да ја видат примената на правото, економијата , информатиката , а со тоа ги подготвуваме учениците за нивната идна професија. Не е само теоријата што ја учат за време на часовите туку и практичната настава со која учениците се веќе подготвени за работа во компаниите и покрај тоа што продолжуваат на факултет.

saba 6

Радио Бум :Ги носите и учениците на практична настава и надвор од Македонија?

 

Ангела Н. Крстевска:

 

Покрај праксата која ја имаме во Македонија учениците ја имаат и можноста да одат на  двонеделна пракса и во некоја од европските држави. За праксите во странство ги избираме најдобрите ученици од САБА који се стекнале со најдобар успех за време на образованието. Минатата учебна година имавме 4 групи на ученици кои поминаа две недели на пракса во Италија , Шпанија, Германија и Португалија и таму работеа во компании во областа на информатиката, туризмот, бизнисот, онлајн маркетинг, онлајн продажба . Тоа е едно животно искуство за учениците имаат контакти со европски и светски компании и тие контакти подоцна им овозможуваат отворени врати со големи професионалци и во иднина.

Радио Бум: дали запишувате само ученици во прва година или можат да се префрлат и учениците од останатите учебни години во САБА?

Ангела Н. Крстевска:

Доколку имаме заинтересирани ученици кои учат во било која учебна година можеме да ги превземеме од било кое средно училиште да го продолжат наставниот процес во САБА.

Radio Bum

June 5th, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *