Вести

Во Куманово ќе се постави споменик на американската компанија КБР

Во Куманово ќе се постави споменик на американската компанија КБР

На иницијатива на градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски ќе биде побарано од Советот на општина Куманово да даде согласност за поставување на спомен обележје на американската компанија КБР, како благодарност за понудената работа на кумановци кои во општината донеле над една милијарда евра, оваа денеска го изјави Димитриевски како одговор на прашањето на советничката Невена Величковска од ВМРО ДПМНЕ, кои споменици ќе бидат поставени во новиот парк до затворениот градски базен.

“Мојата заложба е да продолжам на проектот на мојот претходник Зоран Дамјановски, да го дооформам тој простор комплетно,  бидејќи тоа е проект кој го реализира Североисточниот плански регион со средства кои ги добиваме на годишно ниво за регионален развој. Тоа ќе биде еден од поубавите паркови во Куманово и таму нема планирано споменик. Се шпекулираше дека ќе има споменици но до мене нема поднесено никаква иницијатива. Јас планирам на една од следните седници да излезам пред советот со предлог да ми даде согласност да во истиот парк поставиме спомен обележје на американската компанија КБР , која што има инкасирано во градскиот буџет повеќе од една милијарда евра по основ како најголем работодавач во нашата општина” – истакна градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски.

Американската компанија КБР работи како сервис служба за американската војска, голем број на граѓаните на Куманово работат за оваа компанија во земјите на блискиот исток, Афганистан, Ирак , Кувајт и Џибути, а и самиот градоначалник има работено за оваа компанија во Ирак.

Radio Bum

April 4th, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *