Вести
Загина 27 годишно момче во сообраќајна несреќа кај Војник
Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи попладнево во 15:15 на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка кај селото Војник. До сообраќајката дошло помеѓу патничко моторно возил „Алфа Ромео“ управувано од Н. С. (1991) од село Марино – Скопје и товарно моторно возило „Сканија“ управувано од Д. А. (1975) од Скопје.
На лице место починал дваесет и седумгодишниот возач Н.С. од Скопје.
Увид на лице место извршија екипи на СВР Куманово, а во извлекувањето на безживотното тело учествуваа пожарникарите од ТППЕ Куманово.








