Вести

Тешка сообраќајка кај Војник, се судриле камион и автомобил

Тешка сообраќајка помеѓу камион и автомобил попладнево   се случила на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, веднаш по мостот на реката Пчиња кај село Војник.

Според  информациите од теренот во сообраќајна несреќа има и повредени, а на терен интервенираат две возила на Итната медицинска помош, неколку екипи од СВР Куманово, но и екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово.

Случајот го потврдија од кумановската противпожарна служба, но од таму велат дека интервенцијата е се уште во тек и не можат да споделат повеќе информации.

Од МВР детали најавија за подоцна во текот на денот.

Radio Bum

March 25th, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *