Вести
Две момчиња претепани во центарот на Куманово
Две момчиња на 21 годишна возраст биле физички нападнати и претепани во центарот на Куманово. Според информациите на МВР настанот се случил на 18.03.2018 година во 01,30 часот на раскрсницата од улиците „Народна револуција“ и „Илинденска“ пред пицерија во центарот. И.Ф. (21) и Н.М. (21), двајцата од Куманово, застанале со патничко возило, а по кратко време им се доближиле две непознати лица и ги нападнале. И.Ф. и Н.М. побарале лекарска помош во општата болница во Куманово, а И.Ф. поради констатирани тешки телесни повреди бил препратен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.








