Вести
Младите фудбалери од Куманово Еуроспорт го освоија првото место на Пандев Куп 2018
Младите фудбалери од Куманово Еуроспорт го освоија првото место на турнирот Пандев Куп 2018 кој беше одржан во Струмица , а во организација на Фудбалската Академија Пандев. Во силна конкуренција од 16 екипи фудбалерите од генерација 2006 го освоија првото место.
“Оваа е голем успех за нас”-, вели Ивица Јовановски тренер.
“На турнирот свое учество покрај македонските клубови имале и екипи од Србија, Хрватска и Бугарија. Преку видео бим пред младите фудбалери се обратил и Горан Пандев кој е идол за многу од нив. На турнирот фудбалерите на генерацијата 2007 од Фудбалскиот клуб Куманово Еуроспорт го освоија 5 тото место од 16 те екипи, што претставува голем успех за децата, клубот и за Куманово”-, вели Ивица Јовановски, тренер.