Вести

Ученици, полицајци на еден ден

 

Ученици од Основно училиште 11 Октомври од Куманово од осмо одделение како дел од проектот безбедни училишта, денеска беа „полицајци на еден ден„  Тие заедно со водителот на проектот, наставникот Емилија Станојковска го посетија Секторот за внатрешни работи во Куманово.

Ги интересираше се, присуствуваа во службата за криминалистика, а од службите им беше презентирано како се работи на откривање и расветлување на кражби или други криминални дејствија.

Можеа да видат како се пријавува сообраќајна незгода, кражба или друго дело на телефонскиот број 192 но и потенцирано дека бројот не смее да се злоупотребува бидејќи со лажно пријавување следува казна.

“Јас мислев дека полицијата само ги казнува луѓето но денеска видовме дека полицијата работи во служба на граѓаните и им помага”-  , вели Стефани Максимовска осмооделенец од  О.У. 11 Октомври .

policija 4

“Многу беше интересно и јас сакам да работам во полицијата, од полициските службеници добивме информации какво образование ни е потребно и сега знам што сакам да бидам”-, вели Нирфана Љатифовска, ученичка од 11 Октомври.

policija 3

Маријан Павличек самостоен инспектор во сообраќај  од  отсек за превенција вели дека безбедноста во сообраќајот е еден од главните приоритети на СВР Куманово затоа и отсекот за превенција во текот на целата година спроведува одредени едукативни работилници и тоа воглавно со најмладата популација затоа што се обидуваат уште од најмалата возраст да ги воведат децата  правилно да размислуваат за безбедноста во сообраќајот.

policija 2

„Бидејќи секоја година имаме зголемување на сообраќајни незгоди денеска сме сведоци на една симулативна вежба од отсекот за превенција во соработка со општинскиот Црвен крст и децата од Основното училиште 11-ти Октомври , тие ни се денеска гости. Спроведуваме една едукативна работилница укажување на прва помош на повредено лице при случајна сообраќајна незгода. Колегите од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај по слободен избор стопираат возила, вршат редовна контрола и по утврдување на исправноста на возачот го утапуваат возачот заедно со претстаавници од Црвениот крст да извршат една стимулативна вежба како треба и на кој начин да се укаже помош при повреда во сообраќајна незгода.Свр куманово спорведува многу програми  околу безбедноста на сообраќајот ,денеска на учениците од 11 ти Октомври им ги покажавме сите простории, каде работат  и како функциоонираат,  посебно одделот за криминалистичка техника и службата 192 како и колегите од сообраќајот.Децата реагираа позитивно со тоа што покажаа доста стручно и добро знаење од областа на јавниот ред и мир и сообрќаајот но посебно покажаа интерес околу криминалистичката техника односно како се подигаат траги од лице место како се фаќа сторителот, извршителот на кривични дела, -изјави Павличек.

Наставник,  Емилија Станојковска од ОУ 11- ти Октомври вели дека училиштето работи  на проектот „Ние сме безбедно училиште„ .

„Денеска го работиме проектот „дете полицаец за еден ден„.  Децата го посетија отсекот за криминалистика првин имаа предавања за правата на децата. Колку и  дали ги знаат правата и обвртските дали децата на нивната годишна возраст подлегнуваат под кривичен закон дали ќе бидат осудени или не, потоа посетивме дел од криминалистичката апаратура, како се земаат отпечатоци, како се пронаоѓаат извршители на кражба, сообраќајна незгода . Потоа посетивме дел од службата 192 како делува и се запознаа дека сите граѓани при нивното раѓање се евидентираат и не може никој лажен повик да прави. децата покажуваат интерес сега осмооделенците прашуваат како може да се упатат за запишување на криминалистика и дали ќе можат потоа да се вработат, вели Станојковска.

policija7policija 6

Учениците заедно со службите од СВР Куманово и наставникот имаа и вежба , како да се постапи во случај на сообраќајна незгода и како да се пружи прва помош, а подоцна имаа можност да ги предупредуваат и возачите за поголема безбедност во сообраќајот.

policija 5

 

 

Radio Bum

March 15th, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *