Вести
Дете повредено во сообраќајна незгода во Куманово
Дете од 7 години е повредено во сообраќајна незгода која се случила на улицата Доне Божинов во Куманово.
Според информациите на полицијата сообраќајната незгода се случила вчера во 18,40 часот во Куманово на улица „Доне Божинов“, С.Д.(30) од Куманово, управувајќи патничко моторно возило “Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки удрил во 7-годишно дете, пешак, од Куманово.
По незгодата, детето со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Клиничка болница Куманово, а поради сериозноста на повредите е однесено во Комплекс клиники “Мајка Тереза” Скопје, за понатамошно лекување.
Извршен е увид на местото на настанот.








