Вести

За криумчарење на мигранти дваjца кумановчани заработија кривична пријава

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 28.02.2018 година во 22,20 часот на патот од Куманово кон село Костурник, од страна на полициски службеник е забележано патничко моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Б.И.(38),  а како сопатник бил К.И.(21),  двајцата од Куманово, од кое што излегле две непознати лица. Од страна на полициските службеници извршено е легитимирање и обавен е разговор при што двете лица на возраст од 30 и 48 години од Либија, изјавиле дека сакале да се превезат до село Лојане. Лицата се лишени од слобода, а од страна на РЦ Север до надлежното ОЈО против Б.И. и К.И се поднесени кривични пријави по лчен 418 б (криумчарење мигранти) од КЗ на РМ.

Radio Bum

March 2nd, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *