Вести
Од Куманово со измена на законот за стечајни работници ќе се обештетат 1200 стечајци
Со измената на член 2 од законот за стечајни работници, бројот на стечајците кои ќе добијат право на паричен надоместок до пензионирање ќе се зголеми.
Љиљана Георгиевска, претседател на здружението на стечајни работници Унит од Куманово, вели дека се задоволни од измените во законот и очекуваат со измените да бидат опфатени уште 1 200 стечајни работници за паричен надоместок до пензионирање.
Стечајците денеска се сретнаа и со градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски за кој велат дека тој е главниот иницијатор за да се усвои законот за стечајците.
„После изборите оваа е моја прва официјална средба со стечајците, сакам прво да изразам жалење во делот на онаа што беа наши заложби за да се реши статусот на стечајните работници, од аспект на носење на тој закон каде во име на новата власт дискутирав на говорница и барав законски измени и го подржавме тој закон, но за жал ниту еден закон не е идеален. Со тој закон се решени на ниво на Република Македонија 2 900 стечајни работници, од таа бројка согласно законот од Куманово се вклопени само 67 барања. Во меѓувреме се вршени преговори и договори со стечајците од Куманово, претставниците од владата и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и дојде до измена на законот со кој ќе се обидеме да ги вклучиме стечајците од Куманово, бидејќи оваа излезе како после 1945 , Куманово скокна на револуција ние правевме револуција, на крај цела Македонија доби функции , а ние од 50 народни херои добивме само 8” – истакна Димитриевски пред стечајците и кажа дека со новите законски измени рокот за 52 и 55 години се пролонгира до септември 2018 година ,во делот на државен- приватен капитал со што ќе се даде можност на сите кои се излезени од фирмите да ја земат материјалната надокнада, но само од фирмите кои го немаат сменето матичниот број .
„Јас немам ингеренции во законот”, им кажа градоначалникот Димитриевски на стечајците, „јас можам само да го искористам мојот политички интегритет да разговарам со премиерот и со министерот да барам подршка што поголем број од вас да бидат опфатени во законот за стечајците, им кажа Димитриевски и додаде да не дојде до недоразбирање дека градоначалникот дошол , разговараше и им ветил , тоа не е моја надлежност нити во моја моќ.
„Ќе ја водиме борбата за Куманово да опфатиме што повеќе стечајни работници” , изјави Љиљана Георгиевска , претседател на здружението на стечајните работници Унит од Куманово.
- Борбата ќе ја водиме затоа што сме најголем идустриски град со најголем број на стечајни работници и најмногу борци за правата на стечајците. Сега со измените на законот , сите што имаат 15 години работен стаж во државна фирма да биле во фирмата до моментот кога била приватизирана и да нема измени во матичниот број на фирмата.Стечајците од ЧИК, Киро Фетак, Кожара, ЗИК, Биброк, Бисерка, Искра , Тракторска, Текстилпромет, Нама , Лимарско, Житомел, Пелагонија, Маврово, Техника ќе влезат во обештетувањето.
Стечајците кои нема да бидат опфатени ќе имаат понуда за ново вработување да се достигне работен стаж од 15 години.











