Вести
Штетни по здравје капсули Тромадол откриени во возило на кумановец
Штетитни по здравје и фалсификувани капсули Тромадол полицијата открила во возило на 33 годишен кумановец . Секторот за внатрешни работи Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против А.Љ. (33) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „производство и пуштање во промет на штетни средства за лекување“, казниво по член 212 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Пријавениот од непознато лице набавил 44.600 капсули Трамадол од 50 мг. Со намера да ги стави во промет, ги спакувал во две патни торби, кои ги ставил во патничко возило патничко возило „Фолксваген Туарег“. При контрола на полициски службеници од СВР Куманово во с.Романовце бил извршен преглед на возилото при што биле пронајдени лековите и со потврда биле одземени.








