Вести
Возач на камион од Битола пронајден мртов на Табановце
Возач на камион од Битола, со иницијали П.Ц. бил пронајден починат на царинскиот терминал на Табановце, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Лицето на засега непозната возраст од вчера бил на терминалот во Куманово за да ги среди документите и обврските за камионот во кој што останал да преноќи. Во текот на утринските часови, во 07:20 часот бил пронајден мртов.
На лице место била повика екипа на СВР Куманово и Итната медицинска помош која само констатирала смрт. Телото на починатиот било преземено и предадено на судска медицина за обдукција и понатамошна постапка.
Од МВР информираат дека на телото немало траги на насилство.








