Вести
Во сообраќајна незгода тешко повреден велосипедист
Велосипедист одКуманово, С.Б. 56-годишен бил тешко повреден откако во него удрил автомобил ”Сеад Kордоба” , управуван од Џ.Ш. 61-годишен од Куманово. Според информациите на полицијата сообраќајната незгода се случила на улицата „11-ти Октомври“ во Куманово.
Патничко возило „Сеат Кордоба“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Џ.Ш. (61) од Куманово удрило во велосипед управуван од С.Б. (56) од Куманово.
Од ударот,велосипедистот С.Б. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничка болница Куманово, но поради сериозноста на повредите веднаш бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово.








