Вести

Позорна служба на полицијата во 17 реони во Куманово

Позорна служба на полицијата во 17 реони во Куманово

70 позорникари на 17 позорни реони ќе работат за граѓаните  во Куманово, а  ќе бидат низ кумановските улици со цел да им излезат во пресрет на граѓаните за сите нивни проблеми, најави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Со позорникарската служба, секој полицаец ги запознава сите луѓе со кои што работи, неговата работа е да биде во постојана комуникација со граѓаните , маалскиот полицаец  ќе биде многу важен за превентивата и безбедноста на граѓаните , најави Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Куманово.

policija 1

– И во делот на превентивата е исклучително важна позорникарската служба заради тоа што знаејќи ги и луѓето и условите во кои тие што работат превентивно ќе делуваат или пак граѓаните ќе има на кого да се обраќаат за сите негативни појави што се случуваат во нивното опкружување. Позорниот полицаец е на одреден реон ги запознава сите луѓе со кои што работи, негова работа е да биде во постојана комуникација со граѓаните и тој е полицаец, меѓутоа има одреден реон во кој што работи и е многу значаен, од тој аспект не е обичен полицаец, туку е полицаец од исклучителна важност за работење на полицијата, меѓутоа и во превентивата, изјави Спасовски.
– Секој од секторите прави своја оперативна проценка колку треба да има позорни реони и позорникари и тоа како ќе го промовираме, односно воведуваме ќе ги гледаме и потребите кои се во однос на полициските службеници, додава Спасовски.

Позорникарската служба освен во Куманово, во функција се става и во СВР Битола и СВР Штип, а наскоро и во останатите сектори во државата.

Министерот за внатрешни работи ги промовиреше и реновираните простории на поранешниот ДОМ на АРМ каде од понеделник граѓаните ќе можат да поднесуваат барања за лични карти, на 800 метри квадратни ќебидат сместени управната служба, сектор за странци , сектор за оружје и сектор за прекршоци.

Radio Bum

February 1st, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *