Вести

Покачување на платите во армијата, нови 375 вработувања и нови униформи за секој вработен во армијата најави Шекеринска од ЗОК во Куманово

Вработените во Aрмијата на Република Македонија во јануарската плата ќе добијат 10 % покачување , најави министерката за одбрана Радмила шекеринска на посетата на здружената оперативна команда во Куманово. Шекеринска најави и нови 375 работни места на професионални војници, подофицери  и офицери  со кои ќе се зголеми бројот на вработените кој во последните години е намален.

„На јануарските плати вработените во АРМ ќе го добијат најавеното покачување кое долги години се нема случено , со оваа покачување  ќе покажеме дека владата води сметка за животниот стандард на вработените за подобар живот , а со тоа ќе ја зголемува и подобрува борбената готовност на нашата армија„- рече Шекеринска.

„Еден од предизвиците со кои се соочува македонската армија е недостигот на млад кадар . Долги години бројот на професионалните војници и офицери стагнира и се намалува . Во изминатите две години бројот на вработените се намалил за 400 што е многу видливо , а оваа година во три дела ќе вработиме нови 375 професионални војници. На тој начин ќе ја подмладиме нашата армија и ќе им понудиме шанса за воена кариера на младите и ќе ја зголемиме борбената готовност но и капацитетите на армијата на република Македонија„-   рече Шекеринска и најави дека конкурсот ќе биде отворен во првата половина  од февруари .

За недостигот на униформите и за новите униформи министерката кажа дека годинава ќе бидат обезбедени нови униформи за секој припадник на армијата. И тоа по две, основна и резервна. Пари за оваа намена од буџетот се обезбедени. Потребна е техничка спецификација за да започне процесот за набавка. Ги повикуваме текстилните компании во република Македонија да се вклучат да добиеме квалитетна и подобра и по можност домашно произведена униформа , истакна Шекеринска .

Министерката за одбрана изврши увид на просториите на касарната Боро Менков во Куманово , а присуствуваше и на показна вежба.

 

Radio Bum

January 31st, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *