Вести
Такси возач возел во спротивна насока , удрил во автомобил кој стоел на семафор и избегал
Додека чекале да се вклучи зелено светло на семафорот на улицата Пионерска во Куманово, такси возило удрило во нивниот автомобил, за среќа нема повредени.
Такси возачот го погрешил правецот, па возејќи во спротивен правец удрил во автомобилот кој стоел на семафорот и избегал од местото на незгодата.
Во паркираниот автомобил имало две лица, кои за радио Бум кажаа дека успеале да ги запишат регистарските ознаки.
“Помина до нас , не удри од левата страна и продолжи да вози, зад нас имаше уште еден автомобил кој за среќа брзо реагираше и ја избегна незгодата”- изјави оштетениот возач.
Тие веднаш повикале полиција која изврши увид на местото на незгодата.









