Вести

Српската заедница во Куманово со свечена академија го одбележа националниот празник на србите Свети Сава

 

Српската заедница во Куманово со свечена академија го одбележа националниот празник на србите Свети Сава.

Им го честитам на србите во Македонија Свети Сава кој ги обединил сите. Многу ми е чест што вечерва сум тука со моите сонародници во времето кога во Македонија има  сложената политичка ситуација. Србија и Македонија на целиот регион покажаа и докажаа како треба да се решаваат проблемите и несогласувањата, само  со дијалог се решаваат сите проблеми. Посетата на македонскиот премиер Зоран Заев на република Србија оди во тој прилог и не постојат поблиски народи како што се српскиот и македонскиот. Кога е лошо на србите не може да биде добро на македонците и кога е лошо на македонците не може да биде добро на србите„- , порача потпретседателот на српското собрание од Куманово,  Верољуб Арсиќ.

srpska zaednica 2

Пратеникот Александар Чотриќ  од српското собрание и член на одборот за дијаспора и србите во регионот  се заблагодари на Република Македонија што овозможиле Српската  заедница  да  го одбележи националниот празник на србите Свети Сава во Македонија што допринесува за добри односи на двете држави.

srpska zaednica 3

Се трудиме  положбата на македонската заедница во Србија биде на највисоко европско и светско ниво, а тоа ќе биде од корист на двете сосетски и пријателски држави за подобри политички, економски и културни односи„ – истакна Чотриќ во Куманово.

 

Секој србин го почитува и носи во себе Свети Сава , за нас србите во Македонија Свети Сава е голем ден кога можеме да го испочитуваме нашиот идентитет , културата и традицијата„- истакна Гордана Јовиќ Стојковска претседател на српската заедница во Македонија.

На свечената академија во Куманово присуствуваше и амбасадорката на Р. Србија во Р. Македонија Душанка Дивјак Томиќ.

 

Radio Bum

January 27th, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *