Вести
Обединета српска заедница во Македонија го одбележа празникот Свети Сава во Куманово
Со пригодна свеченост во Културно младинскиот центар во Куманово, Обединета српска заедница го одбележа националниот празник на србите и учениците „Свети Сава„ .
Часлав Јовановиќ , претседател на Обединетета српска заедница на манифестацијата рече дека Свети Сава ги обединил сите и дека сега треба сите да бидат сплотени.
„Денеска сме горди што можеме да го чествуваме делото и името на Свети Сава со кое ја чуваме нашата традиција, идентитетот и културата„ – рече Јовановиќ.
На манифестацијата учествуваа учениците од основното училиште „Вук Караџиќ“ со хорот и драмската секција, културно-уметничките друштва „Севдах“ од Врање и „Карпош“ од Старо Нагоричане.
Традиционално обележување на Свети Сава, од 2007 година со закон е утврден како национален празник на србите во република Македонија.









