Вести

Во подметнат пожар изгореле три куќи во село М’гленце-фото-

Во подметнат пожар изгореле три куќи во село М’гленце-фото-

Непознат сторител денеска подметнал пожар во три куќи во село М’гленце, општина Старо Нагоричане. Поради непристапноста на теренот, противпожарната служба , не можела да стигне брзо и  куќите изгореле. Нема човечки жртви информираат од Територијалната противпожарна единица, кои биле на терен и интервенирале во гаснењето на пожарите.

mglence 2

На пожарникарите им помогнале и екипи на ЕВН кои со санки дошле до опожарените куќи.

mglence 3

Во куќите во моментот на опожарувањето немало никој, а биле откриени трагови за кои се претпоставува дека се работи за маж, кој со бензин ги напрскал и ги запалил куќите кои се на различни локации.

mglence 1

Нема информации за висината на  материјалната штета , а увид извршила полицијата од полициска станица во Старо Нагоричане.

Селаните велат дека виделе непознато машко лице кој бил до куќите , но откако ги забележал селаните избегал. Мотивите за опожарувањете не се познати велат селаните.

Село М’гленце се наоѓа на македонско -српска граница, во козјачкиот регион. Во селото живеат околу 30 жители.

Radio Bum

January 26th, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *