Вести
Работник повреден во пожар во фабрика за чевли во Куманово
Во пожар во помошна котлара во фабрика за чевли тешко повреден работник , тој е пренесен на клиника во Скопје.
Немилот настанот според информациите на полицијата се случил во среда во 11,55 часот во Куманово, во фабрика за чевли. Пожарот избувнал во помошната котлара за парно греење , при што со изгореници се здобил работникот М.В.(57) од Куманово. Од страна на итна медицинска помош повредениот бил пренесен во Општа болница Куманово каде што му била укажана лекарска помош, но поради карактерот на повредите истиот е пренесен Клиники „Мајка Тереза“-КАРИЛ за понатамошно лекување. Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Куманово.








