Вести

Со „Пежо” удрил во канделабра на кумановска патарина

Со „Пежо” удрил во канделабра на кумановска патарина

Изгубил контрола над возилот и удрил во канделабра на патарина во Романовце , со тешки телесни повреди пренесен во Ургентен центар во Скопје.

Според информациите на полицијата несреќата се случила вчера  во 12.30 часот на автопат Куманово-Скопје, помеѓу наплатен пункт на патарина кај с. Романовце и наплатен пункт кој е во изградба.  Возачот 39 годишен  М.М.  од Куманово, управувајќи патничко возило „Пежо 207“ со бугарски регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал надвор од коловоз и удрил во метален столб за осветлување. По незгодата, М.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Терзеа“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Radio Bum

January 23rd, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *