Вести

Радио Бум наслушано локално радио за 2017

Радио Бум наслушано локално радио за 2017

Според Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги радио Бум е најслушано локално радио за 2017 година, а зголемена слушаност на Бум има и во четвртиот квартал од 2017.

Истражувањето кое било направено од страна на агенцијата покажува дека  радио Бум во просечен дневен досег на слушаност за 2017  е 5,04 % , а процентот на слушаноста на неделен досег била повисока и изнесува 7,66%.

Godisno dneven doseg 1Godisno za nedelen doseg 2

Во извештајот е наведено дека истражувањето било направено со  телефонски анкети кај граѓаните кои кажале дека најмногу слушале музика , забавно контактна програма и вести . Утринска програма била најслушана.

Најмногу радио се слушало во автомобилите, дома и на работа во период од 5 часот до 24 часот.

Зголемена слушаност радио Бум има во четвртиот квартал од 2017 година , каде на дневен досег слушаноста достигнала 8,88%, а неделен досег на слушаноста на Бум била 10,48%.

4 KVARTAL 24 KVARTAL 2

Во анкетата според извештајот бил користен полу – структурирани прашалник изработен во соработка со Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги .

Анкетирањето се врши со CATI метода – телефонско интервју со помош на компјутер.

Податоците се обработени групно и анонимно.

Период на анкетирање: од 10:00ч до 20:00ч .

Вкупниот примерок го сочинуваат 9.600 испитаници, на ниво на Македонија.

Примерокот е репрезентативен на ниво на Република Македонија според регион, пол, возраст и националност и е изработен врз основа на официјалните податоци од Државен завод за статистика – „Попис на населението, домаќинствата и становите 2002“.

Податоците за слушаноста се објавени на веб страната на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на република Македонија.

 

 

Radio Bum

January 22nd, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *