Вести

Здружението на граѓани мултимедијален центар „Карпино“ со традиционална „Пивтијада„

По повод големиот христијански празник Водици, традиционално по 16-ти пат  во Куманово се одржа манифестацијата Пивтијада 2018, во организација на здружението на граѓани мултимедијален центар „Карпино“.

На манифестацијата учествуваа 17 домаќники кои подготвија околу 700 чинии пивтии. Посетителите имаат можност да дегустираат од овој зимски специјалитет.

– Ние мислам дека сме и први во Република Македонија кои почнавме со ова, после нас почна Пиво фест, и други манифестации ние традиционлано имаме поддршка од локалната самоуправа а се надевам дека ќе има и во другите програми на Министерството за туризам, поддршка на манифестации во сфера на гастрономија, или други програми од меѓународни како УНДП и Усаид и затоа мислам дека сите овие манифестации ќе продолжат да живеат, изјави Зоран Павловски, претседател на здружението „Карпино“.

Стручното жири оцени дека највкусна и најубаво декорирана пивтија е на 73-годишната кумановка Виолета Чардаревиќ, која учествува по деветти пат.

– Ако имате волја, желба и љубов воопшто не е тешко , ние пензионерите имаме време затоа еден ден ги чистиме, наредниот се варат од 8 до 10 часа и се додава малку лук кој се става во вода, за да биде еднаков на сите, се дели месото и за да се фатат, не мора ноќ мене ми беа готови за два часа. Питиите доколку се добро сварени не може да не се фатат бидејќи има месо.Со пивтијата традиционално оди греана ракија, лебче и салата, вели Чардаревиќ.

piftii 22

Членовите на стручното жири оценија дека годинава домаќинките направиле вкусни пивтии.

– За добра пивтија треба на секоја нога два литри вода, свежо месо и да се вари на тивко, ако се вари како сега на поголема температура не се толку бистри туку матни и затоа немаат високи поени…Треба да се процени колку сол ќе се стави, бидјеќи и месото е солено, да има и лук, сите други додатоци даваат друг вкус, гледавме доколку се многу декорирани со моркови и слично не ги наградувавме само оние чисти пивтии, изјавија од житито.

piftii33

Дел од пивтиите ќе бидат подарени на Домот за стари лица Зафир Сајто.

На манифестацијата беше извршено и примопредавање на кумството од стариот мото клуб Мечки, на новите кумови Фото кино клуб Козјак.

Radio Bum

January 19th, 2018

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *