Вести
Општинската организација на СДСМ Куманово на редовна изборна конференција ги избра членовите на нов извршен и надзорен одбор
Делегати и членови на Oпштинската организација на СДСМ Куманово, на редовна партиска изборна конференција избраа нов извршен и надзорен одбор.
Во своето обраќање пред членството претседателот на општинската организација на СДСМ Куманово Мартин Костовски, истакна дека СДСМ ќе се залага за водење квалитетна кадрова политика со искусни кадри, ќе го стави членството во мобилност, ќе испорачува работи врз основа на барањата на граѓаните, а воедно ќе биде извршена и промена во месните одбори.
Костовски најави и поголема присустност на раководството на СДСМ на терен, започнување проекти за придобивање на нови членови и гласачи преку проектите „СДСМ тоа сум јас“ и „Помориување“, додека преку проектот „Твојот глас“ ќе го унапреди анимирањето на нови гласачи.
„Тенкото парламентарно мнозинство, повторно доведува до можни непредвидливи состојби на политичката сцена во Република Македонија, наметнува состојба на перманентна подготвеност за избори и дефинирање на приоритетни задачи за релативно краток временски рок„- рече Костовски во своето обраќање.
За изборот на членовите во извршниот и надзорниот одбор Костовски вели дека и во двете тела изберени се луѓе со искуство, но и нови лица, кои заеднички ќе придонесат општинска организација на СДСМ да го продолжи успешниот пат, Куманово да остане бастионот на СДСМ.
На изборната партиска конференција присуствуваше и потпретседателот на СДСМ , Оливер Спасовски.









