Едно лице повредено откако се сруши фасада од зграда на плоштад во Куманово-фото
Едно лице е повредено откако фасада од зградата лоцирана на кумановскиот плоштад се сруши денеска попладне врз кројачки дуќан лоциран во непосредна близина.
Во моментот на несреќата кога се срушил дел од фасадата во шивалната се наоѓале неколку лица, кои панично започнале да излегуваат од дуќанот. Сопственикот на дуќанот се здобил со гребнатини и полесни повреди, по што со возило на Итната медицинска помош лицето е пренесено на Одделението за хирургија при Општа болница Куманово, информираат од кумановската Итна помош.