Вести
Не добил лек без рецепт во аптека и го нападнал вработениот
Сакал да купи ампули Дијазепам без рецепт и откако бил одбиен се налутил и со камен го скршил излогот на аптеката и физички го нападнал вработениот.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С. (30) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка телесна повреда”.
С.С. на 28.12.2017 година во 11.00 часот во Куманово во аптека на улица „Веселин Маслеша“ физички го нападнал вработениот Д.Ѓ. (43) затоа што не му дал ампули дијазепам без рецепт. Откако вработениот не му ги дал ампулите, С.С. излегол надвор и со камен го скршил прозорецот од аптеката, а потоа физички го нападнал вработениот, при што му нанел тешки телесни повреди. После тоа, Д.Ѓ. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Куманово, а потоа поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.








