Јавното претпријатие „Куманово паркинг“ пушти во употреба нов телефонски број на кој граѓаните ќе можат да пријавуваат дефекти за уличното осветлување во Куманово и регионот.
Сите дефект во било кој дел од градот или неисправна светилка можат да се пријават на телефонскиот број 071/376-619. Екипите на ЈП „Куманово паркинг“ по пријавата ќе интервенираат , информираат од Куманово Паркинг.