Вести
Екс градоначалник на Старо Нагоричане ги покажа своите играорни способности -фото-
Поранешниот градоначалник на Општина Старо Нагоричане, Милован Стојковски, весело го прослави Бадник во дворот на неговата семејна куќа. Според фотографиите објавени на неговиот фејзбук профил, Бадник го прославуваат традиционално со соседите и роднините на улицата Милан Лисица во Куманово. Со музиката, на која не можеше да и одолее поранешниот градоначалник Стојковски, успеал да се качи и на ѕидот од оградата каде ги покажа неговите играорни способности.