Вести
Александар Арсиќ нов директор на АД Гама
Функцијата извршен директор на АД Гама од денеска ќе ја извршува Александар Арсиќ од Куманово. Примопредавањето на функцијата е извршено од страна на досегашниот директор Владимир Стојановиќ кадар на ДПСМ.
Новиот директор на АД Гама , Александар Арсиќ беше професор во ССУ „ Киро Бурназ„ во Куманово, два мандати советник во Советот на општина Куманово и претседател на Советот. Тој е долгогодишен член на СДСМ и член на раководството во партијата.
Основната дејност на АД Гама е пренос на природниот гас и управување со системот за пренос на природен гас во Република Македонија и зачувување на зелената животна средина.








