Вести
МВР, Нова донација од дрегери и алкотестови за поголема безбедност во сообраќајот
МВР доби нова донација од дрегери преку кои ќе се испитува нивото на алкохолот кај возачите за поголема безбедност во сообраќајот и за исклучување на возачите кои возат под дејство на алкохол .
Според информацијата објавена на официјалната страна на фејзбук на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски добиени се нови дрегери, а во тек е и постапка за набавка на нови 80 дрегери .
„Од граѓаните за граѓаните, донирани се дрегери, а во тек е тендер за набавка и на нови 80 дрегери. Нулта толеранација за возење под дејство на алкохол“, се наведува во рамките на објавата која МВР ја има поставено на својот официјален фејсбук.










