Вести
Тепачка со нож, сообраќајка и 5 лица на токсикологија е билансот по новогодишната ноќ во Куманово
Едно лице со убодна рана од нож здобиено во тепачка, девојче со повредена вилица во сообраќајна незгода и 5 лица кои претерале со алкохолот е билансот по новогодишната ноќ во Куманово.
Сообраќајна незгода се случила на локалниот пат за с.Проевце, ноќеска по полноќ соопштуваат од МВР. Во 1 часот и 55 минути М.С. (1994) од Куманово управувајќи патничко моторно возило „Голф“ со кумановски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во дрвена бандера и во оградата од куќа на ул.„Боро Соколов“. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото А.М. (1995) од с. Биљановце-Куманово, која по укажаната лекарска помош во Медицински центар-Куманово е префрлена во Ургентен центар -Скопје каде била хоспитализирана на Касиофацијална хирургија . Увид на лице место извршила екипа од СВР-Куманово.
Од извори во кумановската болница радио Бум дознава дека ноќеска имало и тепачка во Куманово каде едно лице било хоспитализирано во болницата со рана од убод од нож во раката. Во Ургентниот центар во Куманово морало да интервенира и обезбедувањето на болницата по што била повикана и полицијата кога другарите на повреденото лице вербално се расправале со дежурниот лекар.
Пет лица кои претерале со алкохолот на новогодишната ноќ побарале помош на Интерното одделение. Според информациите на лекарскиот тим најстариот пациент имал 51 година, а останатите на дваесет годишна возраст.








