Вести
Едно лице приведено на протестот на ВМРО ДПМНЕ на Табановце
Едно лице е приведено на протестот на ВМРО ДПМНЕ на граничниот премин Табановце каде вечерва протестираа во знак на подршка за ослободување на притворените членови и функционери на ВМРО ДПМНЕ за крвавиот четврток во собранието на Р.Македонија на 27 април.
Од полициски извори радио Бум дознава дека се работи за Ф.Ф. член на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ и екс директор на Водостопанство кумановско липковско поле. Истиот извор вели дека Ф.Ф. влегол во вербален инцидент со полицијата по што го удрил полицискиот службеник откако биле спречени да го блокираат граничниот премин.
Полицаецот е пренесен во кумановската болница, а Ф.Ф. е приведен . Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ го повикале членството на протест пред основен суд Куманово за подршка на Ф.Ф. и негово ослободување.
Од ВМРО ДПМНЕ и од МВР нема официјален став за инцидентот.








