Вести
ВМРО ДПМНЕ еден час ќе го блокира граничниот премин Табановце
ВМРО ДПМНЕ ќе го блокира граничниот премин Табановце, како дел од протестите на партијата за подршка и барање за ослободување на функционерите и членовите на партијата кои се наоѓаат во притвор за настаните од 27 април, потврди за радио Бум , Драган Петковски, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Куманово.
Протестот е најавен за денеска , 19 Декември од 17 до 18 часот. Како што информираше претседателот Петковски во тој период нема да се пропуштаат возилата на граничниот премин Табановце.








