Вести

Опозицијата ја напушти седницата на советот на општина Куманово

Опозицијата ја напушти седницата на советот на општина Куманово

Советниците на  ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија од Советот на Општина Куманово, ја напуштија третата седница, како знак на револт за притоврањето на членови на нивната партија за крвавите настани од 27 април годинава.

– Сведоци сме дека се врши притворање на луѓе околу нас кои размислуваат поинаку од актуелната власт и апсурдно е во такви услови ние тука да разговараме за буџети или да разгледуваме финансиски извештаи за работа на јавните претпријатија, рече Драган Петковски, координато на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Претседателот на советот Атина Мургашанска рече дека такви дискусии не се за во советот, можат да си организираат прес конференција , по што демонстративно со македонско знаме во шише советниците ја напуштија седницата.

sovet 1

Третата седница на советот на општина Куманово пролжи без опозицијата бидејќи кворум за работа имаше советот.

Radio Bum

December 6th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *