Вести

Комуналната инспекција ги отстрани дивите тезги на плоштадот во Куманово

Комуналната инспекција ги отстрани дивите тезги на плоштадот во Куманово

Сите диво поставени и импровизирани тезги на градскиот плоштад, комуналната инспекција во соодејство со полицијата ги отстрани, а градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски најави дека заедно со јавното претпријатие Пазаришта ќе бидат поставени тезги за новогодишен базар.

– Сакам да ве информирам дека вчера се реализираше заедничка акција на инспекциските служби за отстранување на диво поставените импровизирани тезги поставени во централното градско подрачје на градскиот плоштад, изјави Димитриевски.

Комуналниот инспектор Владислав Трајковски вели дека во соодејство со полицијата тезгите се отсранети, а истите претставуваат и ругло за централното гратско подрачје. Трајковски апелира до сите да не поставуваат диви тезги бидејќи ќе биднат санкционирани.

Градоначалникот на општина Куманово ја поздрави оваа акција и информира дека на гратскиот плоштад ќе бидат поставени времени објекти, куќички во кои ќе се врши продажба на новогодишни производи, украси, сувенири и честитики.

Според изјавата на градоначалникот Димитриевски , општината поседува 25 унифицирани мали мобилни тезги, а заедно со здружнието на угостители ќе набават дополнителни десет.

Цената на закупот ќе биде симболична а за закуп на  мини барака ќе се наплаќа од 300 до 400 денари.

Информираше дека пред Нова Година на 28, 29 и 30 декември ќе има новогодишна прослава, но поради загадувањето нема да има новогодишен огномет.

 

Radio Bum

December 6th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *